МАТЕМАТИЧАР ВО „АНТРОПИК“ ТВРДИ ДЕКА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЈА РЕШИЛ РИМАНОВАТА ХИПОТЕЗА, „СВЕТИОТ ГРАЛ“ НА МАТЕМАТИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НЕРЕШЕН 150 ГОДИНИ

МАТЕМАТИЧАР ВО „АНТРОПИК“ ТВРДИ ДЕКА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЈА РЕШИЛ РИМАНОВАТА ХИПОТЕЗА, „СВЕТИОТ ГРАЛ“ НА МАТЕМАТИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НЕРЕШЕН 150 ГОДИНИЛевент Алпоге, член на техничкиот тим на „Антропик“, ја објави веста на 20 ноември преку објаснување на четири страници, поставено на неговата веб-страница и изјави дека, работејќи со „Клод“, успеал да дојде до доказ за Римановата хипотеза. (Фото: АП)

Математичар кој работи за „Антропик“, гигант во областа на вештачката интелигенција, тврди дека решил еден од најголемите предизвици во математиката – „светиот грал“ на математичките проблеми – со помош на „Клод“, алатката за вештачка интелигенција на компанијата. Ова е вторпат во последните неколку месеци компанија за вештачка интелигенција, или лице поврзано со таква компанија, да тврди дека решило познат, досега нерешен математички проблем.

Левент Алпоге, член на техничкиот тим на компанијата, ја објави оваа вест на 20 ноември преку објаснување на четири страници, поставено на неговата веб-страница. Тој изјави дека, работејќи со „Клод“, успеал да дојде до доказ за Римановата хипотеза.

„Во изминатите месеци, јас и ’Клод‘ одлично соработувавме на многу полиња, но овојпат, близу целта, ’Клод‘ ме надмина во секој поглед“, напиша Алпоге. „Всушност, ’Клод‘ леташе, танцуваше и блескаше додека се приближуваше кон целта“.

Римановата хипотеза, формулирана во 1859 година, се однесува на распределбата на простите броеви – оние што се делливи само со бројот еден и со самите себе – при нивното растење кон бесконечноста.

Алпоге изјави дека дошол до своето откритие доцна вечерта на 15 ноември. Тој му испратил порака на извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, прашувајќи дали „може да го објави тоа“, бидејќи компанијата со седиште во Сан Франциско се подготвувала да објави важна вест – своето деби на берзата. Еден ден по иницијалната јавна понуда на компанијата – највредната во историјата – Алпоге откри дека го решил проблемот што останал нерешен повеќе од 150 години. Од „Антропик“ не одговорија на е-пораката од „Асошиејтед прес“ со барање за коментар во врска со тврдењето на Алпоге.

Алпоге го објави доказот за Римановата хипотеза – до кој дошол заедно со „Клод“ – вграден во 17 милиони редови код напишан во „Лин“, програмски јазик што овозможува формално запишување и програмирање на докази за математички теореми. Според Алекс Конторович, истакнат професор и раководител на Катедрата за математика на Универзитетот „Ратгерс“, ваквите откритија, кои во овој случај се „скриени“ во кодот, вообичаено би биле објавени во формален научен труд.

„Обично, кога некој ќе ви даде научен труд, тоа е, на некој начин, ’код‘ за доказ. Вие морате да го прочитате трудот, сами да го следите изведувањето и да утврдите дали верувате во секоја поединечен ред во него. А кога ќе завршите, би требало длабоко да разберете зошто одредено тврдење е точно“, вели тој.

Тој рече дека Клод го следел тој код и потврдил дека доказот е точен.

„Дали тоа значи дека го разбирам? Сè уште не. Но, компјутерот е исклучително пребирлив – многу попребирлив од мене – па ако успеете да го задоволите компјутерот, постои многу, многу голема веројатност дека ќе ме задоволите и мене“, рече тој. „Сепак, јас морам да ја завршам работата“.

Неколку часа по објавата, Римановата хипотеза сè уште стоеше како нерешен проблем на веб-страницата на Институтот за математика „Клеј“. Институтот ја избра оваа хипотеза уште во 2000 година како еден од седумте „Милениумски проблеми“ и понуди награда од 1 милион долари за нејзино решавање. Процесот на проценка дали проблемот навистина е решен бара време, објасни Мартин Бридсон, претседател на Институтот.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира