ЛАХОРЕ ВО ПАКИСТАН Е НАЈЗАГАДЕНИОТ ГРАД ВО СВЕТОТ

ЛАХОРЕ ВО ПАКИСТАН Е НАЈЗАГАДЕНИОТ ГРАД ВО СВЕТОТЛахоре во текот на изминатите неколку недели постојано се наоѓа на врвот на листата на најзагадени големи градови во светот, откако густ и опасен смог зафати делови од централната провинција Пенџаб. (Фото: ДПА)

Опасниот смог денеска го претвори Лахоре, вториот по големина град во Пакистан, во најзагадената метропола на планетата, оставајќи ги властите немоќни да го зауздаат ​​загадувањето.

Според „Ај-Кју Ер“ (IQAir), глобална организација за истражување на животната средина, квалитетот на воздухот во Лахоре покажа концентрација на загадувачки честички од 289, што го прави овој град најзагаден во светот. Овој град во источниот дел на земјата, кој граничи со Индија, во текот на изминатите неколку недели постојано се наоѓа на врвот на листата на најзагадени големи градови во светот, откако густ и опасен смог зафати делови од централната провинција Пенџаб.

Поради слабата видливост на одредени делници, властите го затворија сообраќајот на автопатите што ги поврзуваат поголемите градови. Ова е дел од мерките против смогот, кои вклучуваат и парични казни за возилата што испуштаат чад.

Пакистанските власти како причинители за загадувањето на воздухот и смогот во Лахоре ги посочуваат индустриските емисии, чадот од печките за тули и возилата, како и палењето на земјоделските остатоци и општиот отпад.

Пакистан е одговорен за помалку од 1% од глобалните емисии на јаглерод, но сепак спаѓа меѓу 10-те земји во светот што се најранливи на климатските промени.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира