Кина погубува повеќе луѓе секоја година отколку целиот останат свет заедно, со систем за казни целосно скриен под официјална тајна, се вели во извештајот од Мониторингот за човекови права на организацијата Амнести Интернешнл.
Неколку илјади луѓе биле погубени во 2016 година само во Кина, додека 1.032 биле погубени помеѓу 2014 и 2016 година. Овие пресметки не се совпаѓаат со официјалните државни цифри, според кои бројот на погубени лица помеѓу 2014 и 2016 година бил само 85. Истражувањето на Амнести открило извештаи од вести коишто укажуваат на најмалку 931 лица погубени од 2014 до 2016 година.
„Навистина нема никаква можност да се знае дали бројот на погубени лица во Кина е намален или зголемен и покрај изјавите од кинеската власт дека бројот е намален и дека сега се спроведува повнимателна селекција“, вели Николас Бекелин, регионалниот директор за Источна Азија на Амнести.
Бекелин ја повика кинеската владата да ги објави целосните цифри.
Кинески правни експерти, исто така, зборуваат за неколку илјади погубувања годишно. Многу од погубувањата, пронајдени од Амнести кои не фигурираат официјално, се поврзани со казни за дрога и тероризам, а други, исто така, во голем број биле сиромашни, помалку образовани и припадници на етнички, верски и расни малцинства.
Во Кина постојат 46 кривични дела за кои следи смртна. Првите три се убиства (57 отсто), потоа кражби (23 отсто) и останатиот дел се криминал со дрога (13 отсто).
Според Амнести, на глобално ниво државите отстапуваат се повеќе од смртната казна, додека во 141 држави таа е укината.