ЕДЕН ОД СИНОВИТЕ НА ЧЕЧЕНСКИОТ ЛИДЕР КАДИРОВ ДОБИЛ СРПСКО ДРЖАВЈАНСТВО ПОД ЛАЖНО ИМЕ

ЕДЕН ОД СИНОВИТЕ НА ЧЕЧЕНСКИОТ ЛИДЕР КАДИРОВ ДОБИЛ СРПСКО ДРЖАВЈАНСТВО ПОД ЛАЖНО ИМЕВо случајот на Али Кадиров, српската влада ги укинала барањата за познавање на јазикот и за престој (Фото: Телеграм)

Еден од синовите на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров минатата година добил српско државјанство под лажно име, според Фондацијата за борба против корупција (ФБК), истражувачка група основана од покојниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални. Али Кадиров, користејќи го псевдонимот Али Рамзанович Мусаев, станал државјанин со указ потпишан од српскиот премиер Ѓуро Мацут, објавен на 10 јули 2025 во Службениот весник на земјата.

Во случајот на Али Кадиров, српската влада ги укинала барањата за познавање на јазикот и за престој и применила забрзана постапка наменета за странци за кои се смета дека се од посебен интерес за земјата, наведува ФБК во истражувањето објавено денеска.

Од ФБК изјавија дека утврдиле оти станува збор за 19-годишниот син на чеченскиот лидер врз основа на неговите датум на раѓање и родно место.

ФБК доставил барања до српската влада и до ЕУ за одземање на пасошот на Али Мусаев. Српските и чеченските претставници сè уште немаат дадено коментар за извештајот.

Србија во април оваа година му го одзеде државјанството на внукот на Кадиров, Јакуб Закриев, откако новинари известија за неговата натурализација.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира