ЕУРОЛИНК СО ПОНУДА ЗА СТАНБЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА 1 ДЕНАР ДНЕВНО ЗА 15-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

    ЕУРОЛИНК СО ПОНУДА ЗА СТАНБЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА 1 ДЕНАР ДНЕВНО ЗА 15-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

    Еуролинк осигурување почна со промотивна понуда за продуктот за станбено осигурување „Доми Комплет“ по повод одбележувањето на 15-годишниот јубилеј на компанијата. Најпродаваниот производ на осигурителната компанија се продава 1 денар дневно или 365 денари годишно за првата година на осигурувањето, соопшти компанијата.

    Понудата следува со потпишување на тригодишен договор за лојалност, a се однесува на сите нови клиенти, но и на постоечките кои ќе го обноват својот договор со Еуролинк осигурување.

    Со одбирање на „Доми Комплет“ на Еуролинк, клиентите добиваат осигурување на домот и покуќнината, осигурување на сите членови на домаќинството, и тоа од широк опсег на ризици како пожар, удар на гром, експлозија, провална кражба, излевање на вода од инсталации, гром, луња и град, експлозија, паѓање на летала и многу други, а со оваа осигурителна полиса се покриваат и трошоци за нужно сместување.

    Дополнително, овој продукт бесплатно нуди уникатни покритија кои се единствени на македонскиот осигурителен пазар, како осигурување од земјотрес, кршење од стакло, трошоци за нови документи и клучеви, незгода за целото семејство, домашни миленици и патничко осигурување.

    Втората и третата година на осигурување чинат 2.400 денари годишно или 200 денари месечно. „Доми Комплет“ пакетите за станбено осигурување гарантираат функционалност на домот и обезбедуваат континуитет на комфорот на семејствата наспроти ризиците на кои тие секојдневно се изложени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира