ТРАМП СПРЕМА НОВИ ГЛОБАЛНИ ЦАРИНИ, ЌЕ БИДАТ ПОГОДЕНИ И ЕУ И КИНА

ТРАМП СПРЕМА НОВИ ГЛОБАЛНИ ЦАРИНИ, ЌЕ БИДАТ ПОГОДЕНИ И ЕУ И КИНАТрамп ги направи царините препознатлива политика на неговиот мандат (Фото: АП)

САД се подготвуваат да објават нови глобални царини, што би погодиле многу од најголемите трговски партнери на Америка. Меѓу нив се очекува да бидат и Кина, Европска Унија и Јапонија.

Царините би биле засновани врз Членот 301 од Законот за трговија од 1974 година, кој му овозможува на претседателот да воведе царини кон земји што вршат дискриминација врз американски компании или трговија. Истрагата за овој член беше покрената во март, откако Врховниот суд на САД пресуди дека царините на Доналд Трамп воведени за „денот на ослободувањето“ во април 2025 се нелегални.

Трамп ги направи царините препознатлива политика на неговиот мандат, тврдејќи дека тие ќе помогнат во зголемувањето на американското производство и ќе создадат работни места.

Според новите царини, земјите ќе се соочат со различни стапки на увозни давачки, во зависност од договорите што претходно ги склучиле со Трамп. Ова веројатно ќе ги зголеми тензиите помеѓу САД и Кина, кои и понатаму водат трговски спор. И покрај средбата помеѓу Трамп и Шји Џинпинг минатата недела, двете земји сè уште целосно не ги надминале своите несогласувања, при што важноста на привремениот договор истекува на 10 јануари.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира