ИРАН ГО КОРИСТЕЛ САТЕЛИТСКИОТ ИНТЕРНЕТ „СТАРЛИНК“ НА МАСК ЗА НАПАДИ ВРЗ АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ

ИРАН ГО КОРИСТЕЛ САТЕЛИТСКИОТ ИНТЕРНЕТ „СТАРЛИНК“ НА МАСК ЗА НАПАДИ ВРЗ АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИИзвршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили. (Фото: АП)

Иран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата.

Еден од изворите за „Вашингтон пост“ изјави дека Маск исто така бил известен оти американската војска користела беспилотни летала (дронови) преку „Старшилд“ – воената верзија на „Старлинк“ – но преку поевтин пакет наменет за копнени операции.

Од „Спејс-Икс“ и од иранското Министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањата на „Ројтерс“ за коментар.

Според „Вашингтон пост“, во доверлив извештај доставен до секретарот за одбрана Пит Хегсет се опишува како иранската војска го користела „Старлинк“.
Американското Министерство за одбрана во изјава за „Ројтерс“ вели дека „нема сознанија за извештај доставен до (канцеларијата на секретарот за одбрана) во врска со ова прашање“.

Употребата на „Старлинк“ во региони со геополитички конфликти, контролата врз него од американската влада, како и неговата недозволена употреба од субјекти кои се под санкции, станаа предмет на засилен надзор во контекст на војните во Украина и Иран.

„Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму.
Според „Волстрит џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.

Иранската влада одржува строга контрола врз пристапот до интернетот откако САД и Израел го започнаа тековниот конфликт со Иран кон крајот на февруари.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира