ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНУВА ТАНЦУВАЊЕ ЗА ВЕЛИГДЕН, НОЌНИТЕ КЛУБОВИ СЕ БУНТУВААТ

    ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНУВА ТАНЦУВАЊЕ ЗА ВЕЛИГДЕН, НОЌНИТЕ КЛУБОВИ СЕ БУНТУВААТЕден од наголемите хипи клубови во Берлин, „Матрикс“, синоќа имаше масовна забава за Велики Петок. (Фото: Фејсбук)

    Во многу градови во Германија, Велигден станува ексклузивно верски празник и за сите кои сакаат да се забавуваат по ноќни клубови, празникот не е веќе толку радосен.
    Речиси еден век, гласната музика и играњето цела вечер за време на верските празници е официјално забрането. Меѓутоа, во германскиот главен град Берлин, каде најпопуларните клубови почнуваат со работа дури по полноќ, многумина ги занемаруваат таквите правила.

    „Не ми изгледа воопшто модерно“, вели Матијас Жероми, 28-годишен студент од Берлин. „Тоа се спротивставува на идејата што јас ја имам за секуларна држава.“
    Забраната за танцување и музика за верските празници во Германија е нешто што постои уште од Средниот век, но тоа беше преточено во закон дури во 1919 година. Оттогаш, секоја од 16-те покраини на Германија решаваат како и кога ќе ја стапи во сила забраната, којашто се однесува на сите верски празници признати од германската држава.

    Во ноември, Федералниот уставен суд на Германија пресуди дека забраната за граѓаните да танцуваат за време на верските празници го загрозува нивното уставно право на собир, но сè додека германските покраини не ги променат овие закони, традицијата ќе продолжи да владее.
    Германските влијателни цркви, Протестантската и Католичката, ја бранат забраната како дел од општествениот договор.

    „Германија е секуларно општество гледано од аспектот дека црквата и државата се поделени, но тие имаат однос на меѓусебна соработка“, вели Хајк Кронбрауер, портпаролка на една Евангелска црква во Берлин.
    „Има луѓе кои не го прифаќаат овој факт“, таа рече. „Но, општествениот консензус претпочита да ги поминеме овие јавни празници на ваков начин“.
    Во исто време, во престолнината Берлин, хотелите, ноќните клубови и полицијата во голема мерка не ја почитуваат забраната. Еден од најголемите хипи клубови во градот, „Матрикс“, којшто располага со девет шанкови и пет простори за танцување, имаше масовна забава за Велики Петок.

    Од друга страна, пак, во јужниот дел на државата, во Баварија, каде доминира католичката популација, има забрана од 70 часа, којашто е во сила од 2 наутро во четвртокот до полноќ на вечерта на Велигден, додека во Потсдам, оддалечен само 35 километри од Берлин, казната за непочитување на забраната изнесува 1000 евра.
    Сепак, тоа не ги одврати членовите на „Спартак“, левичарска заедница во Потсдам. Тие протестирата против забраната со организација две одделни забави викендов и покрај предупредувањата од полицијата.
    „Ни се заканија со казни ако ги реализираме… Но, ние ќе ги направиме забавите секако“, вели Филип Цимс од „Спартак“.

    Тој кажа дека нема ништо против оние кои сакаат да ги слават религиозните празници, но вели дека „да им диктираш на луѓето од другите вери или на атеистите што можат или не ѓто не можат да прават за празниците е апсурдно“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира