Пожарот во кој изгореа бараките на Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошки и политичко-правни студии во Скопје е локализиран и во него нема повредени.
„Стануваше збор за голем пожар, но за среќа спречивме да се прошири и на останатите бараки“, изјави за „Мета“ командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески.
Причините и штетата допрва ќе се утврдуваат, а сега се внимава некаде пак да не избие оган.
По пријавувањето на случајот во 12.15 часот, интервенирале 30 пожарникари со 15 противпожарни возила, а преку Штабот за заштита и спасување на Град Скопје за помош на пожарникарите биле ангажирани и екипи на јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комунална хигиена“.