ЕУ ПОЧНА ПРАВНА ПОСТАПКА ПРОТИВ ОРБАН ПОРАДИ НАМЕРАТА ДА ГО ЗАТВОРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ НА СОРОС

    ЕУ ПОЧНА ПРАВНА ПОСТАПКА ПРОТИВ ОРБАН ПОРАДИ НАМЕРАТА ДА ГО ЗАТВОРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ НА СОРОСУнгарскиот премиер Орбан постојано го обвинува Сорос за мешање во внатрешните работи на Унгарија и почна со напади на организации поврзани со него. (Фото: ДПА)

    Европската комисија почна правна постапка против Унгарија поради законот за високо образование, сооопшти потпретседателот на ЕК Валдис Домбровскис. Одлуката доаѓа откако владата на премиерот Виктор Орбан донесе закон со кој се воведуваат нови стандарди за високо образование и може да доведе до затворање на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (ЦЕУ).

    Европската комисија вели дека законот за високо образование донесен на 4 април не е компатибилен со основните пазарни слободи, но, исто така, и со правото на академска слобода.
    Унгарија има еден месец да одговори на писмото, во кое се наведени правните забелешки од Европската комисија. Писмото е прв чекор од прекршочната постапката, а Комисијата ќе преземе други чекори по примање на одговорот од унгарската влада, кажа Домбровскис.

    (ЦЕУ), кој е формиран од американскиот милијардер Џорџ Сорос во 1991 година, стана централна точка на политичката дебата и Орбан постојано го обвинува Сорос за мешање во внатрешните работи на Унгарија и почна со напади на организации поврзани со него.
    Законот за високо образование помина во брза постапка во унгарскиот парламент и привлече многу критики од странство, како и бран протести во Унгарија. Унгарската влада има подготвено нацрт закон со кој ќе дискриминираат граѓанските организации кои примаат странска помош.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира