Неколкумина со црни маски зборувале со полицајците додека останатите демонстранти влегувале насилно во Собранието.
Според новинарите кои се заробени во прес салата таму владее вистински хаос. Повредени се пратениците Зоран Заев, Зијадин Села и Дамјан Манчевски. Двајца новинари се повредени со удар по глава.
Репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК од Собранието јавуваат дека само пратениците Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров застанале меѓу демонстрантите и нивните колеги од парламентарното мнозинство.
Полиција речиси и да нема, а новинарите бараат помош стравувајќи за своите животи.