ЕКИПА НА БРЗА ПОМОШ СО НИКОЛА ТОДОРОВ ИМ ПОМАГА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ПРАТЕНИЦИ

    ЕКИПА НА БРЗА ПОМОШ СО НИКОЛА ТОДОРОВ ИМ ПОМАГА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ПРАТЕНИЦИПратеникот Зоран Заев и лидер на СДСМ е повреден и со раскрвавена глава (Фото: СДК.МК)

    Лекари од Брзата помош конечно успеаја да влезат во Собранието и им даваат помош на повредените пратеници од парламентарното мнозинство.

    Лекарската екипа е во канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ каде што пратениците Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев им помагаат на повредените колеги.

    Најтешко повреден е пратеникот Зијадин Села, кој е во друга просторија, но екипата не може да го изнесе од Собранието.

    Меѓу повредеите се Зоран Заев, Петре Шилегов, Горан Мисовски, Талат Џафери и Дамјан Манчевски.

    За коса била влечена пратеничката Радмила Шеќеринска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира