Лидерот на СДСМ Зоран Заев им се придружи на демонстрантите кои тргнаа кон седиштето на Владата против одлуката на претседателот Иванов да ги аболира осомничените од прислушуваните разговори. Кон зградата на Владата беа фрлени неколку јајца.
Присутните му скандираат „Пуштете ги бомбите!“.
Тој денеска го обвини Иванов дека направил државен удар и повика на протести.
Пред тоа демонстрантите што попладнево се организираа преку социјалните мрежи ја гаѓаа со јајца Канцеларијата на претседателот на државата за односи со граѓаните во центарот на Скопје. Потоа се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ но беа спречени од полицијата.