ЗАЕВ И ТАЛАТ СЕДНАА НА КАФЕ ПО СРЕДБИТЕ СО ХОЈТ ЈИ

    ЗАЕВ И ТАЛАТ СЕДНАА НА КАФЕ ПО СРЕДБИТЕ СО ХОЈТ ЈИЗоран Заев и Талат Џафери по средбите во Собранието пеш заминаа на кафе на улица „Македонија“. (Фото: СДК.МК)

    Пред околу еден час заврши средбата на Зоран Заев со заменик помошникот на Државниот секретар на САД Хојт Ји, но лидерот на СДСМ не даде изјава за медиумите, туку најави соопштение.

    По средбата со Ји во Собранието, Заев остана на разговор со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што двајцата,  придружувани од партиски претставници од СДСМ и ДУИ, пеш отидоа на кафе на улица „Македонија“.

    Хојт Ји замина на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Клубот на пратеници, на која медиумите не се поканети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира