ДВОЈНИК НА МЕСИ ЗАВРШИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ИРАН ОТИ ПРЕМНОГУ ЛИЧИ НА ЅВЕЗДАТА НА БАРСЕЛОНА

    ДВОЈНИК НА МЕСИ ЗАВРШИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ИРАН ОТИ ПРЕМНОГУ ЛИЧИ НА ЅВЕЗДАТА НА БАРСЕЛОНАИранецот Реза Парастеш ја добил идејата да се прошета во дрес на Барселона од татко му, кој ја забележал сличноста пред неколку месеци. - Парастеш и Лионел Меси (десно) (Фото: АФП)

    Двојник на Лионел Меси беше приведен од иранската полиција откако стана премногу популарен меѓу фудбалските навивачи, кои сакаа да прават селфија со него. Иранскиот студент Реза Парастеш, минатиот викенд реши дека е добра идеја да се облече како аргентинскиот фудбалер на Барселона и да се прошета низ иранскиот град Хамедан.

    Но, тој не очекуваше дека ќе стане толку популарен меѓу граѓаните. Толку многу луѓе почнаа да му приоѓаат на студентот и да го молат за заедничко селфи што полицијаа мораше да го приведе и да го однесе во локалната полициска станица за го зачува јавниот ред и мир и да го расчисти сообраќајниот метеж.

    „Сега луѓето ме гледаат какко иранскиот Меси и сакаат да правам сè што прави тој. Каде и да се појавам, луѓето се шокирани. Навистина сум среќен што ги правам среќни кога ме гледаат и тоа ми дава многу енергија“, изјави Парастеш за агенцијата АФП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира