НАМАЛЕНИОТ ПРОФИТ НА МЕПСО СЕ ДОЛЖИ НА ПРОМЕНИТЕ ВО НАПЛАТАТА И ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОЛЕМИТЕ КАПАЦИТЕТИ, ВЕЛАТ ОД КОМПАНИЈАТА

    НАМАЛЕНИОТ ПРОФИТ НА МЕПСО СЕ ДОЛЖИ НА ПРОМЕНИТЕ ВО НАПЛАТАТА И ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОЛЕМИТЕ КАПАЦИТЕТИ, ВЕЛАТ ОД КОМПАНИЈАТАОд декември минатата година, наплатата на аукциите се врши на 12 рати по реализацијата на аукцијата, велат од МЕПСО. - Барокизираната зграда на МЕПСО (Фото: Ѓ. Личовски)

    МЕПСО лани заработил 78% помалку во однос на 2015 година и остварил добивка од само 2.5 милиони евра, затоа што се смениле правилата за наплата на аукции за закуп на прекугранични расположливи далекуводни капацитети за пренос на електрична енергија, велат од компанијата. Од МЕПСО соопштија дека претходно, наплатата на средствата се вршела еднократно и веднаш по реализацијата на аукциите, а од декември 2016 година наплатата е на 12 месечни рати по реализацијата на аукцијата.

    „Годишната аукција за 2016 година беше организирана во декември 2015 година и целиот приход беше наплатен во декември 2015 година заради што во значајна мерка и добивката за таа година е повисока од добивката во 2016 година. Во декември 2016 година по новите правила беше организирана годишната аукција за закуп на капацитети за 2017 година и заради тоа што моделот на наплата се промени, во декември 2016 година беше наплатена само една рата, а останатите 11 рати ќе доспеат и ќе бидат наплатени во тековната односно во 2017 година“, велат од МЕПСО.

    Оттаму додаваат дека врз приходите на МЕПСО во голема мерка има влијание и конзумот на електрична енергија од страна на квалификуваните потрошувачи (Југохром, ФЕНИ Индустри, Бучим, ОКТА, Митал Стил, Макстил, Скопски легури, Македонски железници) кои се директно приклучени на преносната мрежа и по тој основ може да се јави варијација која значајно може да влијае врз добивката на компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира