ФРАНЦИЈА ГО КАЗНИ „ФЕЈСБУК“ ПОРАДИ НАРУШУВАЊЕ НА ПРИВАТНОСТА

    ФРАНЦИЈА ГО КАЗНИ „ФЕЈСБУК“ ПОРАДИ НАРУШУВАЊЕ НА ПРИВАТНОСТАФејсбук“ е казнет со 150.000 евра поради следење на активностите и користењето на личните податоци на 33 милиони корисници, како и други лица кои пребаруваат на интернет, а не се корисници на социјалната мрежа. (Фото: Ројтерс)

    Независната француска комисија за заштита на приватноста денеска го казни „Фејсбук“ со 150.000 евра поради кршење на француските закони за заштита на личните податоци.

    Националната комисија за информатика и за слободи го казни „Фејсбук“ поради следење на активностите и користењето на личните податоци на 33 милиони корисници, како и други лица кои пребаруваат на интернет, а не се корисници на социјалната мрежа.

    Комисијата соопшти дека „Фејсбук“ спроведува масовно прибирање лични податоци за таргетирано рекламирање без правна основа, и покрај минатогодишното официјално предупредување.

    Комисијата ја обвини компанијата дека собирала податоци за политичката и за религиозната определба на корисниците и за нивната сексуална ориентација, а за тоа не ги известувала корисниците.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира