И ГЕРМАНИЈА ГО ПОЗДРАВИ ДОДЕЛУВАЊЕТО НА МАНДАТОТ, СООПШТИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

    И ГЕРМАНИЈА ГО ПОЗДРАВИ ДОДЕЛУВАЊЕТО НА МАНДАТОТ, СООПШТИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕДоделување на мандатот е добар сигнал, велат од Германската амбасада. - Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на пуштањето на еко билбордот во центарот на Скопје, наречен „Градско дрво“ (City tree) на 22 март. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Германската амбасада вели дека доделувањето на мандатот на лидерот на мнозинството Зоран Заев е добар сигнал и очекува од новата влада и да пристапи кон решавање на суштинските задачи и спроведување итни реформи.

    „Доделување на мандатот е добар сигнал. Сега претстои формирање на влада за да се пристапи кон суштинските клучни задачи, итните реформи. Германија ќе го придружува тој пат и понатаму“, соопшти Амбасадата на Германија во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира