Отворајќи ново поглавје во својата веќе голема кариера, Никол Кидман донесе четири проекти во Кан оваа година, со што е речиси насекаде на фестивалот на француската ривиера.
„Јас сум во тој момент од мојот живот, кога се обидувам да се преправам дека имам 21 година и сум на почеток на мојата кариера”, рече Кидман, која полни 50 години следниот месец. „Сакам да се обидам во нови работи и да ги поддржам филмаџиите во кои верувам”.
Меѓу проектите на Кидман во Кан е брутално мрачната семејна комедија на Јоргос Лантимос „Убиството на светиот елен”, чија премиера беше вечерва.
„Овој филм нема да го гледаат моите деца“, рече Кидман.
Вчера играше во „Како да разговарате со девојки на забавите” – панкерска романса за 1970-те, деби на Џон Камерон Мичел. Следи филмот на Софија Копола „Измами,” римејк од женска перспектива на филмот на Клинт Иствуд од 1971, и втората сезона на реномиранта серија „На врвот на езерото“ на Џејн Кемпион, во која Кидмн игра лик што го опиша како „радикална феминистка лезбејка”.
Сеприсутноста на Кидман на фестивалот – заедно со воообичаеното кралско спокојство на црвениот тепих – ѝ го донесоа прекарот „кралица на Кан.”
“Тоа е еден вид спој на настани”, вели Кидман за нејзините филмови во Кан. „Не дека бев свесна оти ќе се случи“.