СЕАД КОЧАН ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА „ТРУСТ“

    СЕАД КОЧАН ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА „ТРУСТ“Ниту Кочан, ниту неговиот адвокат Никола Додовски не дадоа изјава за медиумите (Фото: Мета)

    Бизнисменот и сопственик на „Трансмет“ Сеад Кочан денеска, во придружба на својот адвокат Никола Додевски дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Ниту Кочан, ниту неговиот адвокат Никола Додовски не дадоа изјава за медиумите.

    Газдата на „Трансмет“ е осомничен дека го злоупотребил државниот буџет за 17 милони евра и е првоосомничен во случајот „Труст“  на СЈО. Кривичниот совет претходно ја одби жалбата на СЈО за притвор на Кочан, кој претходно даде гаранција од околу 900 илјади евра и му го предаде пасошот за да се брани од слобода..

    Кочан по покренувањето на истрагата ја напушти земјата и речиси два месеци не беше достапен за органите на истрагата. Тој се врати во државата откако беше укината мерката притвор и повлечена потерницата издадена за него.

    Бирото за јавни набавки на 18 мај објави дека компанијата на Кочан „Трансмет“, чии што сметки се блокирани на барање на СЈО, повторно добила тендер кај ЕЛЕМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира