ДИМО НАРЕДНИКОТ СЕ УДАВИ ОД ДОЖД СРЕДЕ ПРИЛЕП

    ДИМО НАРЕДНИКОТ СЕ УДАВИ ОД ДОЖД СРЕДЕ ПРИЛЕППоради несоодветната атмосферска канализација на улиците Димо Наредникот и Андон Слабејко, што се појави по реконструкцијата на дел од улицата Димо Наредникот, се појавува мочуриште пред зградите од една страна на раскрсницата и „реката“ која што тече точно пред влезот на другата зграда, паралелно со градската река (Фото: СДК.МК)

    Последните дождови повторно го исфрлија на виделина проблемот со несоодветната атмосферска канализација на улиците Димо Наредникот и Андон Слабејко, што се појави по реконструкцијата на дел од улицата Димо Наредникот.

    Мочуриштето коешто се појавува пред зградите од една страна на раскрсницата и „реката“ која што тече точно пред влезот на другата зграда, паралелно со градската река се причини за реакции на станарите.

    „Постојано реагираме, со месеци не се преземаат мерки, Па река е ова што тече пред зградата, не може човек да излезе до дуќан да испазари. Живееме како во најзаостаната средина, а не во урбан дел од градот. Ова е центар на градот и даноците така ни се наплаќаат. Но, наместо да се движиме по улици, нам ни требаат кајчиња за да функционираме. На што личи ова. Но, не допира до нив, воопшто не ги интересира тоа надлежните“, реагираат жители од овие две улици.

    Општинските власти не беа достапни за одговор кога е се реши проблемот.

    М. ТАЛЕСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира