Обилните врнежи дожд кои паднаа попладнево во Битола поплавија улици во населбата Баир и околу неа.
Водата поплави дворови, визби, гаражи и други помошни објекти. Реки од вода течеа по улиците Караорман, Мирче Ацев, Козара, Дебарска и други, при тоа попречувајќи го нормалното одвивање на сообраќајот во тој дел од градот. По овие улици беше невозможно да се движат пешаци дури траеше невремето.
Ова е проблем со кој години наназад се соочуваат жителите од оваа битолска населба. При пообилен дожд шахтите не можат целосно да ја прифатат надојдената атмосферска вода.
Ж.ЗДРАВКОВСКА