Мандатарот Зоран Заев очекува до среда вечер да биде избрана новата влада и најави дека веднаш потоа ќе биде укинато екстерното тестирање. Лидерот на СДСМ денеска беше да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против четворица функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
„До среда вечер треба да завршиме со изборот на владата. Се надевам дека нема да мора да бидат искористени максималните рокови. Веднаш после тоа, како што гледам, доаѓа укинување на екстерното тестирање“, изјави Заев на излегување од ОЈО.
Екстерното почнува на 5 јуни и Заев вели дека може да се стигне дотогаш да бидат донесени законските измени.
„Ако в среда се избере влада, веќе в четврток ќе се разговара за законите кои се доставени до Собранието и тие да бидат изгласани“, додаде Заев.