Премиерот Зоран Заев денеска околу пладне откако го згреши влезот во Владата и место на главниот влез влезе во едно мало вратиче на кое имаше натпис „службен влез“, ја прими новата функција, која му беше предадена од техникиот премиер Емил Димитриев.
Во раскошниот премиерски кабинет, Димитриев се поздрави со Заев и му честиташе на изборот. Претходно, премиерот Зоран Заев со владиниот кабинет беше на прием кај претседателот Ѓорге Иванов.