Стотина студенти со мегафон ги повикувале своите колеги да излезат од предавањата и да протестираат против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој исто така е професор на овој факултет, јавуваат за СДК.МК, студенти на овој факултет. Ѕидовите на факултетот се излепени со пароли „Нема правда нема мир“, „Каде е правдата“, „Нема да ви простиме“ и многу други кои ги видовме на протестите изминативе два дена.
Студентите бараат од своите професори да се изјаснат за одлуката на нивниот колега Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници осомничени за криминал кој произлегува од прислушуваните разговори.
Студентите тропале и на кабинетот на Тања Каракамишева. На вратата на нејзиниот кабинет било испишано „Фашист“.