Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција ги расчисти дилемите дали денеска врз ексминистерот за здравство Никола Тодоров е пукано со опасно или со безопасно оружје. Според она што го кажа Спасовски, кон Тодоров сепак било пукано со огнено оружје, со кое животот му бил во опасност.
„Изразувам загриженост и најостро го осудувам денешниот инцидент, во кој со огнено оружје беше нападнат поранешниот министер за здравство и поранешен пратеник Никола Тодоров“, рече на денешната прес конференција министерот Оливер Спасовски.
Неофицијално, пиштолот со кој пукал дедото на починатата Тамара е на вештачење во МВР. Станува збор за импровизирано оружје со гасни куршуми, но кое може да повреди и убие.