Министерството за образование соопшти дека екстерното тестирање е укинато и нема да се спроведува откако трите закони за измена на законите за основното образование, средното образование и за наставниците во основното и средното образование беа објавени во „Службен весник“.
Од Министерството за образование велат дека „сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат“.
Вчера, Собранието со 64 гласови „за“ го укина екстерното тестирање. Пратениците по скратена постапка ги донесоа измените на законите за основно и за средно образование и законот за наставници, а за гласањето беше потребно и Бадентерово мнозинство.