МЕ РАДУВА ШТО ГРЦИЈА Ѝ ПОДАВА РАКА НА МАКЕДОНИЈА, ИЗЈАВИ ХОЈТ ЈИ

    МЕ РАДУВА ШТО ГРЦИЈА Ѝ ПОДАВА РАКА НА МАКЕДОНИЈА, ИЗЈАВИ ХОЈТ ЈИОчекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со Европската Унија и со САД, со земји – долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на потребните реформи за да може да напредува - Брајан Хојт Ји при неодамнешната посета на Скопје веднаш по крвавите настани на 27 април (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Очекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со Европската Унија и со САД, со земји – долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на потребните реформи за да може да напредува. Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја и Грција“, изјави заменик-помошникот на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Брајан Хојт Ји, во интервју за босанската редакција на „Гласот на Америка“.

    „Ме радува тоа што министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, подаде рака на пријателство до другата страна во Македонија, изразувајќи подготвеност за средби и за разговори во насока на унапредување на односите помеѓу двете земји, што се надеваме ќе доведе до договори кои ќе го одблокираат патот на Македонија кон евроатлантските интеграции“, вели Хојт Ји.

    Формирањето на новата влада на Македонија, предводена од Зоран Заев, американскиот дипломат го оцени како мошне позитивен чекор и позитивен пример за регионот.

    Тој во интервјуто истакнува дека политиката на САД на Балканот не е променета, бидејќи се „базира на американските интереси за регион што се движи напред, кон интеграција во Европа и нејзините институции, кон подобра клима на инвестиции од европски и од американски бизниси и воопшто – за подобар живот на граѓаните“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира