НА ПЛОШТАД СЕ СЛАВИ ТИТУЛАТА НА ВАРДАР

    НА ПЛОШТАД СЕ СЛАВИ ТИТУЛАТА НА ВАРДАРПлоштадот Македонија е преполн со навивачи по победата на Вардар о финалето на Лигата на шампиони. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Илјадници навивачи се собрани на Плоштад Македонија да ја прослават победата на Вардар во ракометната Лига на шампиони. Се слави и со автомобили по улиците низ Скопје, откако „црвено-црните“ ја освоија првата титула европски шампион во историјата на машкиот клупски ракомет.

    Вечерва, Вардар го победи Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на фајнл форот во Келн со голот на Иван Чупиќ во последната секунда. Вчера, речиси на идентичен начин, Вардар во полуфиналето ја совлада Барселона со 26:25 со голот на Лука Циндриќ во последните моменти од средбата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира