ДОКАЗНИОТ МАТЕРИЈАЛ БИЛ ГОЛЕМ, КОЧАН ПОБАРАЛ ОД СЈО ДОПОЛНИТЕЛНО ВРЕМЕ ДА ГО РАЗГЛЕДА

    ДОКАЗНИОТ МАТЕРИЈАЛ БИЛ ГОЛЕМ, КОЧАН ПОБАРАЛ ОД СЈО ДОПОЛНИТЕЛНО ВРЕМЕ ДА ГО РАЗГЛЕДАОсомничениот Сеад Кочан си замина од СЈО без да даде изјава за медиумите. (Фото: СДК.МК)

    Бизнисменот Сеад Кочан попладнево само што влезе во Специјалното обвинителство, излезе. Обвинителите од СЈО пак не го распрашале за сомневањата за криминал тешок 17 милиони евра од истрагата „Труст“.

    Кочан имаше увид во доказите против него на  26 мај. Денеска требаше да даде исказ пред обвинителите. Но, поради обемноста на доказниот материјал, осомничениот побарал дополнително време за да го доврши увидот во нив, одговорија од СЈО на прашањето зошто толку брзо осомничениот бизнисмен и неговиот адвокат Никола Додевски го напуштија Обвинителството.

    Со оглед на тоа, дополнително ќе биде одреден датумот на неговото сослушување, велат во СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира