МЕРКО ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ШАПУРИЌ ЗА ДОМАШНИ, ПОДЕЛЕНИ РЕСОРИТЕ ВО ВЛАДАТА

    МЕРКО ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ШАПУРИЌ ЗА ДОМАШНИ, ПОДЕЛЕНИ РЕСОРИТЕ ВО ВЛАДАТАПремиерот Зоран Заев именуваше петмина заменици на денешната седница на владата, прва во новиот состав. (Фото: СДК.МК)

    Владата на Зоран Заев денеска ја одржа првата седница, на која беа определени задолженијата на седуммината министри без ресор. Рамиз Мерко е задолжен за странски инвестиции, исто како и Аднан Ќахил и Зорица Апостоловска. Зоран Шапуриќ е задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Роберт Поповски е за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми за дијаспора и Самка Ибраимовски за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

    На денешната седница, премиерот Зоран Заев определи и петмина заменици, и тоа: министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Бујар Османи, кој е задолжен за европски прашања, Кочо Анѓушев, кој е задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и Хазби Лика, кој е задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.

    Беше формиран и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чијшто раководител е Оливер Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира