ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ЌЕ ГО ЧУВААТ ШЕСТ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ ВО СЛЕДНИТЕ ГОДИНА И ПОЛ

    ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ЌЕ ГО ЧУВААТ ШЕСТ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ ВО СЛЕДНИТЕ ГОДИНА И ПОЛЗаконот е донесен во 2013 година оти поранешните премиери требало да бидат заштитени од криминалците против кои се бореле за време на мандатот - Новинарка го фотографира портретот на Емил Димитриев во Владата (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот премиер Емил Димитриев во следните година и пол ќе го чуваат шестмина телохранители и на располагање ќе има службено возило и возач. Ваквите привилегии му следуваат со измените на Законот за влада, донесени во 2013 година, со кои бившите премиери имаат право на обезбедување и службено возило во времетрање на извршувањето на функцијата.

    Според објаснувањето на пратениците што ги предложија измените, Александар Николовски и Илија Китановски, поранешните премиери треба да бидат заштитени од криминалците против кои се бореле за време на мандатот, а шестмина телохранители се за да бидат по двајца во смена во текот на 24 часа.

    Димитриев беше избран за технички премиер за спроведување избори на 18 јануари 2016 година, а остана на функцијата до 31 мај годинава. Тој живее во Пробиштип во семејна куќа со родителите, неговата сопруга со двете деца и братот со сопругата и едно дете. Додека беше премиер, тој патуваше секојдневно на релација Пробиштип-Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира