ЕКСПЕРТИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО СОБРАНИСКИТЕ КОМИСИИ ЗАРАДИ ПОКВАЛИТЕТНИ ЗАКОНИ, ПРЕПОРАЧУВА ХОЛАНДИЈА

    ЕКСПЕРТИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО СОБРАНИСКИТЕ КОМИСИИ ЗАРАДИ ПОКВАЛИТЕТНИ ЗАКОНИ, ПРЕПОРАЧУВА ХОЛАНДИЈАОд средбата на претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп (Фото: Собраниска служба)

    Потребна е поголема вклученост на експертите во работата на собраниските комисии, како можност која ја дава Деловникот за работа на Собранието, за тие да придонесат за донесување поквалитетни законски решенија, е заклучокот  од денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп.

    Како што соопшти Собранието, Џафери и Пломп разговарале и за формите за поголема транспарентност и видливост на Собранието и како до подобро запознавање на граѓаните со работата на законодавниот дом.

    „Амбасадорот Пломп ја пренесе пораката за подготвеноста на холандската Влада и конкретно на Парламентот за широка соработка со институциите на Република Македонија и продолжување на сите започнати проекти меѓу двете држави“, соопшти Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира