Пратеничката на СДСМ Фросина Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, кој е вработен во МВР денеска дојдоа да сведочат во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Таргет“ . На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, во кое својство е денеска во СЈО, Ременски одговори:
„Повикани сме фамилијарно како сведоци во истрагата што ја води СЈО за нелегалното прислушување. Четири години сум била прислушувана од службите, дојдени сме да дадеме исказ“, рече Ременски.
Во случајот „Таргет“ на СЈО, десет поранешни и сегашни вработени во УБК, кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони, се осомничени дека ја злоупотребувале службената положба и незаконски прислушувале.
С. К. ДЕЛЕВСКА