ЅИДОТ НА ТРАМП Е САМО ЕДЕН ОД БРОЈНИТЕ НИЗ СВЕТОТ – ИЗРАЕЛ, КИПАР, КОРЕЈА, ИНДИЈА…

    ЅИДОТ НА ТРАМП Е САМО ЕДЕН ОД БРОЈНИТЕ НИЗ СВЕТОТ – ИЗРАЕЛ, КИПАР, КОРЕЈА, ИНДИЈА…На една третина од мексиканско-американската граница веќе се поставени разновидни огради. (Фото: АП)

    Aмериканскиот претседател Доналд Трамп продолжува со ветувањето за изградба на ѕидот помеѓу САД и Мексико. И покрај скептицизмот и одбивањето на Мексико да плати за ѕидот, како што бара Трамп, американската влада побарала понуди и тест делови од ѕидот, кои што се очекува да бидат изградени на почетокот од летото.

    Физичките бариери се стари колку самото човештво и со векови ја покажале нивната корист за одбрана. Но, оградите имаат и несакани последици, како што се уништување на населби, наштетување на животната средина и лишување на невините жртви од правото на безбедност.

    Ова е преглед на светските огради. Некои се мошне едноставни, додека другите се масивни инвестиции кои што чинеле милијарди долари. Генерално, тие се платени преку стандардни процедури на буџетирање, и ниту еден случај нема предизвикано финансиски спор сличен на оној во Мексико.

    САД И МЕКСИКО

    Голем дел од границата во Тексас е блокиран од реката Рио Гранде или други природни бариери, или пак е приватна сопственост на граѓаните, многумина од кои се против идејата за ѕидот.

    На една третина од мексиканско-американската граница веќе се поставени разновидни огради, но нејзиното целосно затворање нема да биде лесно. Голем дел од границата во Тексас е блокиран од реката Рио Гранде или други природни бариери, или пак е приватна сопственост на граѓаните, многумина од кои се против идејата за ѕидот.
    Постои доста скептицизам околу тоа дали навистина ѕидот би ја спречил трговијата со дрога, нелегалната емиграција или насилството од бандите.

    ИЗРАЕЛ И ЗАПАДНИОТ БРЕГ

    Израел започна со изградба на ограда долга 250 километри во 2002г., како одговор на палестинските самоубиствени бомбашки напади во кои беа убиени 1,500 луѓе. Делот на сликата прикажува жени кои чекаат до дел од ѕидот со графит на ликот на палестинскиот лидер Јасер Арафат.

    Израел започна со изградба на ограда долга 250 километри во 2002 година, како одговор на палестинските самоубиствени бомбашки напади во кои беа убиени 1.500 луѓе. Израел вели дека оваа конструкција претставува многу важна одбранбена мерка. Меѓутоа, поради тоа што честото навлегување во окупираниот Западен Брег, Палестинците го гледаат како узурпирање на земјата што го спречува нивниот сон за создавање на независна држава.

    ИНДИЈА И ПАКИСТАН

    Илјадници воени сили се распоредени на двата блока во Кашмир, кои понекогаш се гледаат очи в очи, со што зоната стана една од најмилитаризираните во светот.

    На Индија ѝ требаа само две години за да изгради ограда долга 550 километри, преку спорната гранична зона со Пакистан во регионот Кашмир, пред една деценија. Во моментов, ограда од висока технологија, таа е опремена со уреди за термичка обработка на слики, сензори за движење и систем за осветлување долж миниран појас меѓу два реда бодликава жица. Војската во Индија го нарекува „Непробоен ограден систем “ дизајниран со цел да го спречи преминот на бунтовниците од Пакистан кои се борат за независноста на Кашмир или спојување со Пакистан.

    КИПАР

    На најтесната точка, само неколку метри ги делат националната гарда на Грчкиот Кипар од Турската гарда и трупите на Турскиот Кипар.

    Бафер зоната под контрола на ОН и границата со должина од 180 километри од едниот до другиот брег на малиот остров, кој што го дели северниот турски Кипар од признатиот јужен дел. Поделбата датира од 1974 година, по Турската инвазија како одговор на пучот на поддржувачите на обединувањето со Грција.
    Долж границата многу ретко е одбележана со ѕид, освен во главниот град Никозија, каде ѕидот минува сред Стариот Град.
    Оштетените и срушени градби на ова парче ничија земја е во драстична спротивност со модерните барови и кафулиња во близина.

    СЕВЕРНА И ЈУЖНА КОРЕЈА

    Околу 28.500 војници се стационирани во Јужна Кореа за да ја обесхрабри потенцијалната агресија од Северна Кореjа.

    Демилитаризираната зона, како трага од Студената Војна, беше создадена во 1953 година, по завршувањето на Корејската Војна со примирје. Од едниот до другиот брег, демилитаризирана зона е 4 км широка и 248 км долга го дели полуостровот на средина, создавајќи де факто границата помеѓу двете Кореи. Миниран од двете страни, со бодликава жица, противтенковска ограда и илјадници војници, демилитаризираната зона е една од најзаштитените светски граници. Се верува дека во тој дел се закопани повеќе од милион мини.

    КЕНИЈА И СОМАЛИЈА

    Ров ископан во областа каде што владата имаше намера да се подигне границата меѓу Кенија и Сомалија. Кенија, одлучи да изгради ѕид по долж границата со Сомалија, после нападот во 2015 година од страна на исламските екстремисти кога беа убиени 148 лица, повеќето студенти на универзитет.

    Кенија одлучи да изгради ѕид по долж границата со Сомалија после нападот во 2015 година од страна на исламските екстремисти кога беа убиени 148 лица, повеќето студенти на универзитет.
    Првично владата на Кенија најави дека ќе изгради ѕид долг 700 километри, но властите велат дека изградени се само 30 километри од оградата.
    Некои се сомневаат во ефективноста на ѕидот со оглед на интензивната прекугранична нелегална трговија, од која имаат корист моќници од двете страни.

    УНГАРИЈА

    Унгарија изгради ограда долж јужната граница со Србија и Хрватска во 2015 година, кога илјадници емигранти преминуваа секојдневно и се упатуваа кон Германија и други дестинации во Западна Европа.

    Унгарија изгради ограда долж јужната граница со Србија и Хрватска во 2015 година, кога илјадници емигранти преминуваа секојдневно и се упатуваа кон Германија и други дестинации во Западна Европа.
    Премиерот Виктор Орбан е силен противник на миграцијата, и Унгарија прифаќа само неколку стотини азиланти годишно.
    Групите за човекови права и агенциите на ООН го критикуваат поставувањето на оградите и рестриктивните политики за азил во земјата. Се зголемува бројот на извештаи од групите за помош за полициската бруталност против мигрантите кои се туркаат назад во Србија, наводи кои Унгарија ги негира.

    ФРАНЦИЈА

    Мигрантите со години се собираа во Кале, со надеж дека ќе најдат прилика да преминат во Велика Британија, најчесто во товарни камиони.

    Бетонскиот ѕид, долг еден километар и висок четири метри, е завршната фаза на елаборираниот систем за одбрана против мигрантите во северниот дел на францускиот пристанишен град Кале.
    Британија одвои 2,7 милиони евра за изградба на ѕидот долж автопатот што води до пристаништето Кале, кој се користи многу од страна на возачите на камиони кои минуваат преку каналот Ла Манш.
    Мигрантите со години се собираа во Кале, со надеж дека ќе најдат прилика да преминат во Велика Британија, најчесто во товарни камиони. Огромен импровизиран камп беше затворен во октомври, и илјадници емигранти беа упатени во специјални центри.

    ШПАНИЈА

    Шпанија има изградено ограда во висина од шест метри околу двете северноафрикански енклави Сеута и Мелила, за да ги одврати мигрантите, кои главно доаѓаат од супсахарските земји, преку Мароко.

    Шпанија има изградено ограда во висина од шест метри околу двете северноафрикански енклави Сеута и Мелила, за да ги одврати мигрантите, кои главно доаѓаат од супсахарските земји, преку Мароко.
    Оградата, заедно со соработката меѓу Шпанија и Мароко, помогнаа да во спречувањето на приливот на мигранти. Но, групите за човекови права тврдат дека шпанските и мароканските безбедносни сили ги тепаат мигрантите кои се фатени во обид да го прескокнат ѕидот. Тие, исто така, ја критикуваат употребата на бодликавата жица од Шпанија, која што предизвикува многу повреди, и протерувањето на оние кои успеваат да преминат без да им се дозволи да аплицираат за азил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира