ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС ГО СМЕНИ НАСЛОВОТ – МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ГО МЕНУВА ИМЕТО ЗА НАТО

    ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС ГО СМЕНИ НАСЛОВОТ – МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ГО МЕНУВА ИМЕТО ЗА НАТОПрвиот наслов што предизвика вознемирување во Македонија и корегираниот наслов на Фајненшел тајмс

    Угледниот британски весник „Фајненшел тајмс“ кој утрово се појави со анализа со наслов „Македонија прелага промена на името во обид да му се приклучи на НАТО“, по неколку часа го смени насловот во „Македонија размислува да го користи привременото име за да влезе во НАТО“.

    Првиот наслов предизвика серија негативни коментари во Скопје, во исто време додека владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев е во посета на Брисел на средби во НАТО и седиштето на ЕУ.

    Во текстот се цитира министерот за надворешни работи Никола Димитров кој в среда патува за Атина на средба со грчкиот колега Никос Коѕиас.

    Според Фајненшел тајмс Димитров кажал дека е прерано да се дискутира за какви било предлози за името, и ќе се сретне со грчките министри в среда за да ја обнови довербата меѓу двата соседи откако Атина стави вето за македонското влегување во НАТО.

    „Ќе побарам Грција да се преиспита каков сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која што нуди надеж за демократија и правда? Ако сме добар сосед, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе сфатат дека ова е историска можност“, изјавил Димитров за Фајненшел тајмс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира