СРБИЈА ЌЕ ДОБИЕ ПРЕМИЕРКА КОЈА НЕ КРИЕ ДЕКА Е ЛЕЗБЕЈКА

    СРБИЈА ЌЕ ДОБИЕ ПРЕМИЕРКА КОЈА НЕ КРИЕ ДЕКА Е ЛЕЗБЕЈКА41-годишната Брнабиќ досега беше министерка за јавна администрација и локална самоуправа. (Фото: АП)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ ја номинираше Ана Брнабиќ за премиерка и таа ќе биде прва политичарка која не крие дека е геј на клучната позиција во конзервативната балканска земја. Брнабиќ, која е независен кандидат, стана првата министерка која не крие дека е лезбејка минатата година што беше повод за многи наслови ширум светот поради лошата состојба со правата на геј заедницата во Србија.

    По предлогот на Вучиќ, таа треба да биде изгласана во парламентот. Вучиќ го нарече нејзиниот избор „тешка одлука донесена во интерес на Србија и нејзините граѓани“. Таа досега беше министерка за јавна администрација и локална самоуправа.
    41-годишната Брнабиќ е поранешна “бизнисменка на годината“ во нејзината земја и е образувана во Велика Британија и САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира