ВИСТИНСКАТА ПОБЕДА ЌЕ БИДЕ ПО 5 ГОДИНИ, ВЕТИ МАКРОН ПО ПОБЕДАТА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

    ВИСТИНСКАТА ПОБЕДА ЌЕ БИДЕ ПО 5 ГОДИНИ, ВЕТИ МАКРОН ПО ПОБЕДАТА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИФранцускиот претседател Емануел Макрон на церемонијата за одбележување на 77-годишнината од повикот за отпор на починатиот француски генерал Шарл де Гол на 18 јуни 1940 година близу Париз. (Фото: Ројтерс)

    Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон денеска ветија дека тој ќе ја смени политичката сцена во Франција откако финалните резултати од вчерашниот втор круг на изборите покажаа дека неговата партија освои големо парламентарното мнозинство. Партијата на Макрон Република во движење (ЛРЕМ) и неговиот централно-десничарски партнер Модем освоија 350 од 577 места во долниот дом, по рекордното ниската излезност на парламентарните избори по Втората светска војна.

    Портпарлотот на владата Кристоф Кастанер рече дека високиот процент на воздржани гласачи – повеќе од 50% кои останаа дома на денот на изборите – е пораз за политичката класа и ја потенцирапе потребата од промена на политиката во Франција.
    „Вистинската победа не беше вчера, таа ќе биде по пет години кога навистина ќе ги промениме работите“, изјави Кастанер за радиото РТЛ.

    Иако со послаб резултат од предвидувањата на анкетите, мнозинството на Макрон ги порази традиционалните партии на Франција, понижувајќи ги социјалистите и конзервативните Републиканци кои што ротирале на власт со децении. „Победа за Центарот“ пишуваше на насловната страна на левичарскиот весник „Либерасион“. Додека на насловната на весникот за финансии „Ле Еко“ стоеше „Успешното коцкање“.

    Кастанер рече дека премиерот Едуард Филип и неговиот кабинет ќе поднесат оставка подоцна денеска и нов кабинет ќе биде формиран во следните денови, додавајќи дека верува дека Филип ќе биде пак назначен за премиер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира