ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ НЕМА ДА ГИ ГУБАТ ПРАВАТА НА 26 ГОДИНИ

    ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ НЕМА ДА ГИ ГУБАТ ПРАВАТА НА 26 ГОДИНИМинистерката за труд и социјала Мила Царовска на средба со лицата со посебни потреби во кампот спроти Собрание. (Фото: СДК.МК)

    Децата со посебни потреби по навршување на 26 години од животот нема да треба повторно да одат пред лекарски комисии за да им се потврди дијагнозата дека се со попреченост. Ова денес го договориле министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и граѓанската иницијатива „5 до 12“, која наредниве три дена кампува во паркот Жена Борец спроти Собрание.

    Министерката Царовска рече дека на денешната средба со претставници на здруженијата на пациенти и лица со посебни потреби ги разгледале сите нивни барања, и договориле што може да се оствари годинава, а што наредните години согласно финансиските импликации во буџетот.

    „Договоривме дека административната бариера за преминување на посебниот додаток во туѓа нега, да се тргне. Кај овие лица е утврдена одредена дијагноза на одредена возраст, и да ги малтретираме родителите на 26 години повторно да собираат документи за своите деца, да собираат конзилијарни мислења на веќе утврдена дијагноза е нехумано. Затоа ќе се направи дијалог со нив и со комисиите што ја проценуваа нивната способност и ќе се направи законска измена“, рече Царовска.

    Членовите на иницијативата „5 до 12“ рекоа дека бришењето на старосната граница од повеќе закони е едно од нивните приоритетни барања, и сметаат дека со навршување на возраст од 26 години не треба да го изгубат посебниот додаток и правото на бесплатно лекување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира