ПОЛИЦИЈАТА НЕ ДОЗВОЛИ ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО

    ПОЛИЦИЈАТА НЕ ДОЗВОЛИ ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО

    Полицијата не им дозволува на демонстрантите да му се приближат на Собранието. Тоа го зголеми револтот помеѓу граѓаните кои се упатија кон Владата. Но, центарот на Скопје вечерва е целосно блокиран. Силни полициски сили има на секој чекор.

    Граѓаните што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни прво се собраа пред седиштето на Специјалното обвинителство и тргнаа кон Собранието, но таму наидоа на кордон полицајци кои не им дадоа да се приближат до зградата. Демонстрантите беа запрени кај Триумфалната капија.

    Конттрапротестантите што се собираа на улицата Јордан Мијалков (поранешна Железничка) организирани од  провладиното граѓанското движење ГДОМ веќе тргнаа кон седиштето на СДСМ.

    На улиците е видливо бројно полициско присуство.

    Приврзаниците на власта предводени од ГДОМ стигнаа со автобуси од цела Македонија.

    За разлика од нив СДСМ ги откажа автобусите од внатрешноста и реши да не им се меша во организацијата на протестот на граќанските организации. Досегашната парола „Нема правда нема мир“ е замената со „Цело Скопје, аболициран град“.Сепак, од СДСМ не ја исклучуваат можноста како и претходните денови нивните членови, па и дел од раководството да се придружат на протестот организиран од повеќе граѓански организации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира