МИЛАН РИСТЕСКИ Е ЕДИНСТВЕН РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОР НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ, ПОТВРДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    МИЛАН РИСТЕСКИ Е ЕДИНСТВЕН РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОР НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ, ПОТВРДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОНа местото на Ристески, за в.д. директор е назначен Никола Васев. - Клиниката за радиотерапија и онкологија (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство потврди дека директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Милан Ристевски е разрешен. На негово место за в.д. директор е назначен Никола Васев.

    „Во врска со шпекулациите во јавноста за наводно разрешување директори на скопските клиники, информираме дека Министерството за здравство досега го разреши единствено директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Министерството за здравство се оградува од сите непроверени и непотврдени наводи, и уште еднаш потенцираме дека единствено Министерството за здравство ќе ја информира јавноста на оваа тема“, соопшти Министерството за здравство.

    Ристески беше дел од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ и беше забележан во Собранието на 27 април, кога беа претепани и повредени над 100 пратеници, новинари, полицајци и граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира