Францускиот претседател Емануел Макрон му зададе уште еден удар на Доналд Трамп во врска со политиката на американскиот претседател за климатските промени – овој пат поддржан од мускулот на Арнолд Шварценегер. Во видеозаписот за социјалните мрежи, Макрон е заедно ѕвездата на „Терминатор“, и ветува дека „повторно ќе ја направат планетата велика”.
“Направи ја Америка повторно велика” беше слоган на претседателската кампања на Трамп. Макрон ја критикуваше одлуката на американскиот претседател да се повлече од Парискиот климатски договор од 2015.
Дали овој најнов развој, изложен синоќа во пост на Твитер, ќе биде почеток на ново „политичко братство”? Говорејќи во камерата на телефонот, Шварценегер рече дека тој и Макрон “заедно зборувале за прашањата поврзани со животната средина и зелената иднина”. Снимката беше објавена на страницата на социјалните мрежи, а поранешната филмска ѕвезда и гувернер на Калифорнија, рече дека е „навистина почестен” што го запознал Макрон, додавајќи дека тие ќе работат заедно за иднина со чиста енергија. На клипот од 10-секунди оди насловот: „Со претседателот Макрон, велик лидер!”
Во април, Шварценегер го прими францускиот медал Легија на честа како признание на неговата еколошка работа. Тој рече дека е почестен и дека „направивме белја и сега треба да ја поправиме… не е важно кој е претседател”.
Кога Трамп најави дека САД се повлекуваат од климатскиот договор во Париз 2015, Макрон изјави дека одлуката е „грешка за САД и за нашата планета”.
Парискиот договор за климатски промени беше усвоен за да се ограничи влијанието на емисиите на јаглерод врз животната средина, при што земјите се залагаа за одржување на порастот на глобалните температури многу под 2 C.