Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва им се придружи на граѓаните пред Собранието што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни, јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие бараат оставка на Иванов и експерстска влада што ќе организира веродостојни избори. Се извикува „Нема правда нема мир“.
Полициски сили го чуваат седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и зградата на Министерството за правда и Канцеларијата на претседателот. Речиси цел центар на главниот град е блокиран.
Протестите почнаа и во Битола и Струмица.
Во Битола организаторите на протестите со слоганот „Битола нема да те помилува“ бараат оставка од градоначалникот Владимир Талевски, откако Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против него. Тие тргнаа од плоштадот Магнолија и се движат кон зградата на општината.
Денеска за прв пат по аболицијата што ја потпиша Иванов се протестира и во Струмица.