МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 200 ЕВРА ОД СЕПТЕМВРИ, НАЈАВИ ТЕВДОВСКИ

    МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 200 ЕВРА ОД СЕПТЕМВРИ, НАЈАВИ ТЕВДОВСКИВладиниот предлог за минимална плата е на разледување кај сите засегнати страни, синдикалците, коморите и работодавачите. - Министерот за финансии Драган Тевдовски на владина седница (архивска фотографија)

    Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека минималната плата од 12.000 денари ќе почне да се исплаќа од септември годинава. Тој кажа дека Владата ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 200 евра со 1,5 милиони евра буџетски средства месечно или вкупно шест милиони евра за четирите месеци на крајот од годината.

    „Средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот“, кажа Тевдовски на денешната прес-конференција.

    Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров рече дека зголемувањето на платите по максимум 2.000 денари од вработен или 16 отсто нема да биде голем товар за бизнисот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира