ПЕТ ЖРТВИ НА ГОРЕШТИНИТЕ ВО СОФИЈА

    ПЕТ ЖРТВИ НА ГОРЕШТИНИТЕ ВО СОФИЈАСофијанка се крие од сонцето. Жешкиот бран во главниот град на Бугарија донесе температура од 44 степени целзиусови (Фото: ЕПА)

    Петмина умреле во главниот град на Бугарија, Софија како последица на исклучителните горештини, јавија болнички извори. Температурата во саботата се качила до 44 степени целзиусови.

    Портпаролката на Итната медицинска помош Катја Сунгарска изјави дека само до пладне нивните екипи интервенирале во  200 случаи и апелираше до населението да не ги напушта домовите и да не се вика Брзата помош без поголема потреба.

    Софија со години има проблем со малиот број амбулантни возила. Брзата помош има само 25 возила што опслужуваат 2 милиони жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира