ПЕТ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА ПОЧУВСТВУВАНИ ВО ОХРИД

    ПЕТ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА ПОЧУВСТВУВАНИ ВО ОХРИДЗемјотрес со магнитуда 5 не треба да направи оштетувања, доколку градбата е според важечките прописи и генерално во Охрид нема поголеми оштетувања од она што досега е проверено, вели Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС чии екипи се на терен;- оштетена зграда најсилниот од серијата потреис од 5 степени по Рихтер на 3 јули(Фото: СДК.МК)

    Пет земјотреси со умерен до посилен интензитет се почувствуваа во текот на ноќта во Охридскиот регион. Најсилниот, од 4,1 степен според Рихтер беше регистриран 5 минути по полноќ. Последниот, регистриран утринава во 6 часот и 29 минути беше со интензитет од 3,8 степени.

    Фактички, земјата во Охридско се тресеше цела ноќ. Другите три земјотреса помеѓу најсилните беа во 1.16, 1.37 и 3.02 часот, во распон од 2.9 до 3.2 степени.

    Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС ) Михаил Гаревски вели дека во моментов Охридското епицентрално подрачје е  најактивно во Европа.

    „Ваков вид земјотреси се нарекуваат роеви оти ги има многу, а охридското подрачје во моментов доминира во Европа со најсилна активност. Роеви земјотреси се јавуваат вообичаено како афтершокови на некој поголем земјотрес. По минатогодишниот силен земјотрес во Италија, регистрирани се уште 4-5.000 земјотреси. Ние во Италија имаме седум инструменти за мерење на активноста кои покажуваат дека се смирува тлото. Охрид сега е далеку поактивен од Италија“, вели директорот Гаревски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира