СО ФОРМИРАЊЕТО НА ДЕСЕТ ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ, ВМРО-ДПМНЕ МОЖЕ ДА БАРА 10 ЧАСА ПАУЗА ДНЕВНО

    СО ФОРМИРАЊЕТО НА ДЕСЕТ ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ, ВМРО-ДПМНЕ МОЖЕ ДА БАРА 10 ЧАСА ПАУЗА ДНЕВНОВМРО-ДПМНЕ од денеска има 10 пратенички групи во Собранието. Девет имаат по пет пратеници и една е со шест. Во најголемата пратеничка група, координатор е Илија Димовски и таму е пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-(Фото:СДК.МК)

    Со формирањето на 10 пратенички групи од пратеници на опозициската коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од денес опозицијата добива законска можност да ја одолговлекува и да ја блокира работата на Собранието, што ја овозможува собранискиот Деловник.

    Останува и пријавената бројка од 35 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за дискусија за разрешувањето на државниот јавен обвинителот Марко Зврлевски што е на дневен ред на тековната собраниска седница, така што сосе десетте пратенички групи останува блокадата на разрешувањето обвинителот.

    Со расцепкување на опозицијата со формирање на повеќе пратенички групи, ВМРО-ДПМНЕ ќе може:

    • На секој говорник од ВМРО-ДПМНЕ и од коалиционите партнери ќе може да му реплицираат 45 до 46 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
    • Околу 10 пратеници ќе може да се јавуваат со процедурални забелешки, секоја пратеничка група има право да бара пауза до еден час дневно, или ВМРО-ДПМНЕ може да бара и мора да добие од претседателот на Собранието Талат Џафери вкупно околу 10 часа пауза дневно.
    • Пратеникот во текот на претресот може да говори само еднаш во траење од 10 минути, известителот на матичното работно тело и на Законодавно-правната комисија 10 минути, координаторот на пратеничката група или еден пратеник определен од пратеничката група или од предлагачот, можат да говорат повеќе пати но не повеќе од 15 минути вкупно.

    На координацијата на пратеничките групи со претседателот на Собрание ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со десет кординатори, додека СДСМ, ДУИ и Беса ќе бидат претставени со по еден кординатор.

    ВМРО-ДПМНЕ од денеска има 10 пратенички групи во Собранието. Девет имаат по пет пратеници и една е со шест. Во најголемата пратеничка група, координатор е Илија Димовски и таму е пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    На втората координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата Даниела Рангелова, на шестата Панчо Минов, на седмата Димитар Стевананџија, на осмата Драган Данев, на деветтата Благица Ласовска и на десеттата Драган Цуклев. Секој координатор има двајца заменици.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира