Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување членови на сите управните и надзорни одбори на јавните претпријатија, јавните здравствени установи, јавните установи за социјална работа, агенции и други правни лица и за отповикување на членови на комисии и членовите на секој надзорен одбор и одбори на директори од акционерските друштва во државна сопственост, а за Регулаторните тела одлучи да се достави предлог за разрешување на управните одбори до Собранието.
Ваквиот потег на Владата е, како што се вели во владиното соопштение, со цел да спречи понатамошни штети по Буџетот на Република Македонија од неодговорното однесување на дел од членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, за кои постојат информации дека биле потпишувани штетни менаџерски договори и дека биле именувани луѓе на менаџерски позиции со надоместоци со астрономски износи.