СЕ РЕВИТАЛИЗИРА ЕКОБИЛБОРДОТ ВО ТЕТОВО

    СЕ РЕВИТАЛИЗИРА ЕКОБИЛБОРДОТ ВО ТЕТОВОТимот на невладината „Еко свест“ денеска започна да врши замена на оштетените и укредените садници со нови, а исто така го сервивира и системот за одржување на Градското дрво (Фото: СДК.МК)

    Започна целосна ревитализација на Градското дрво во Тетово, екобилбордот што во изминатиов период покажа знаци на сушење и од кое беа оштетени или украдени дел од садниците. Тимот на невладината „Еко свест“ денеска започна да врши замена на оштетените и укредените садници со нови, а исто така го сервивира и системот за одржување на Градското дрво.

    „Правиме редовен сервис и одржување на функционалноста на Градското дрво. Овде на тетовското дрво едно триесетина растенија беа земени и ние ќе извршиме замена на истите за да се воспостави функционалноста на целата инсталација. Исто така, ќе направиме проверка и тестирање на целиот систем на наводнување. Во Македонија нема од истите растенија кои првично беа ставени во пратката од Германија, но ние тука кај нас најдовме слични растенија од ист род што може да ги користиме и со нив да ги надоместиме оние садници кои недостасуваат“, вели Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко свест“.

    Од „Еко свест“ велат дека дрвото цело време е функционално, а тоа се потврдува со фактот што растенијата цветаат  и што мовта, која е всушност главниот пречистувач на воздухот, е жива. Тоа што некои делови се малку подзасушени е резултат на високите температури и топлотните бранови кои беа присутни во изминатиот период. Од „Еко свест“ ги замолуваат граѓаните да не ги земаат садниците од дрвото, а од  надлежните општински служби бараат поредовно одржување, односно дополнување на резерварите со вода за да не дојде до сушење на растенијата на овие високи температури.

    Општина Тетово најавува дека е расположена наесен да набави нови оригинални садници од Германија и така дополнително да придонесе за ефикасноста на Градското дрво.

    Ваква интервенција тимот на „Еко свест“ направил и на Градското дрво во Скопје, каде состојбата била далеку полоша од таа на тетовското Градско дрво, и тоа пред сѐ поради неговото нередовно одржување и полевање со вода од надлежните комунални организации.

    З. АНДОНОВ

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира