Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид доби донација од 378.780 денари, за набавка на медицинска опрема потребна за физикална терапија.
Парите се донација од Шпаркасе банка, преку нивната платформа за коорпортаивна општествена одговорност, кои банката директно ги уплатила на сметката на добавувачот на медицинската опрема.
Во „Св. Еразмо“ се третираат специфични заболувања, за кои е потребно постојано подобрување на медицинската опрема за да се овозможи правилна и ефикасна дијагноза и соодветна физикална терапија.